Јапонската компанија Technomobile бара стажисти кои пијат пиво и кои ќе треба да ја извршуваат својата работа во канцеларија а притоа ќе пијат пиво.
Ова не е шега, туку одлична идеја која би требало да ги поттикне младите умови да ги согледаат работите од поинаква перспектива и да им се даде шанса да се вклопат во атмосферата во компанијата без дополнителен притисок. Во тоа секако ќе им помогне пиењето пиво, пренесува порталот Food and Wine.
Ако ги одработат воведните два дена, колку што трае самиот организиран настан на запознавање на новите стажисти, постои голема можност да добијат работа како програмери или инженери за некоја од областите со кои се занимава самата компанија.
Единствени услови за пријава за оваа одлична работа е возраста (стажистите не смеат да имаат помалку од 25 години) и одредено знаење на подрачјата што ги покрива Technomobile.
Одлична идеја која веројатно кај нас би поттикнала многумина, можеби не на поквалитетна, ама сигурно на посреќна работа.