Состојки:
0,5 л млеко
6 јајца
6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
Кора од лимон
Ликер од ливчиња роза
200 г шеќер за карамел
Приготвување:
- Шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат со млекото, се проваруваат и се тргаат од оган да се олади. Се матат јајцата и се мешаат со оладеното млеко, се ренда кората од лимон и се додаваат неколку капки од ликерот.
- Се растопува шеќерот (200 г) до фаза на карамелизирање. Внимателно се разлева по страните од садот во кој ќе се пече рожатата и се остава да се олади. Потоа внатре се става подготвената смеса, и истата се става во поголем сад со вода.
- Се пече 45 минути во загреана рерна на 150 степени.
4. Добро изладената тожата одвојте ја од ѕидовите на садот во кој се печела, ставете врз садот чинија, притиснете го и превртете го. На крајот накапете уште неколку капки од ликерот.