Состојки:
50 г грашок
50 г моркови
350 г млади компирчиња
1 китка копар
1 лажица свеж сечкан магдонос
Мешавина од зачини
½ лимон
100 мл павлака за готвење
3 лажици кисела павлака
Сол, црн пипер
Приготвување:
- Ставете ги во тенџере грашокот и морковите исечкани на коцкички, а малите компирчиња оставете ги цели, додека поголемите исечете ги на половинки или на четвртинки и додадете ги во тенџерето.
- Додадете ги исечканиот магдонос и копарот, зачинете и долејте вода.
- Варете на умерена температура додека компирите да омекнат, а потоа изгаснете ја ринглата и ставете павлака за готвење, додадете ја киселата павлака и исцедете пола лимон. Измешајте и оставете го на се уште топлата рингла уште пет минути.