Десет работи кои секогаш мора да ги имате во кујна

Доколку ги имате секогаш, гостите нема никогаш да ве фатат неподготвени!

0
429

Заедно со овие десет намирници кои е добро секогаш да ги имате во кујната, не би било лошо кога би почнале да си правите и ваша приватна колекција од различни суви зачини и свежи зачински билки. Исто така, различни видови на масло и на оцет се секогаш добра идеја, а истото важи и за чили пиперчињата. Сето тоа можже да помогне јадењето да се крене на друго ниво!

Тестенини

Тестенините е едноставно да се подготват, вкусни се и можат да бидат готови за помалку од 30 минути, затоа секогаш имајте во кујната неколку пакувања.

Сос од домати

Ако имате домашен сос од домати, одлично. Ако не, ќе помогне и оној купечкиот кој може да биде готов брзо. Направете го поинаков такјашто ќе му дадете свежи зачински билки.

Крекери и џем

Ви треба нешто со што вашите гости ќе се занимаваат додека вие ја подготвувате вечерата. Крекерите и џемот се совршена опција. Исто така, доколку во фрижидерот имате парче Брие, послужете го и него. Гостите ќе бидат воодушевени!

Вино

КОга сме кај крекерите, џемот и сирењето, мора да има и вино. Едно добро шише суво бело вино, еден сладок мускат и едно добро шише црвено вино секогаш мора да имате во шпајзот.

Јаткасти плодови

Уште една добра алтернатива за предјадење. Послужете ги со сирење на тацната!

Сирење

Во фрижидерот задолжително чувајте барем два вида кашкавал кои можат подолго да стојат. Добро парче пармезан секогаш можете да изрендате врз тестенините, чедар можете да послужите со џем и со крекери, а брие со јаткасти плодови и малку овошје.

Зелена салата

Најдобра е! Уште ако при рака имате оцент балсамико, со оваа салата не можете да згрешите. Помешајте ја со пармезан и со јаткасти плодови и уживајте!

Свеж зеленчук

Цвет брокула или карфиол се совршени за лесно пржење на маслиново масло, послужени со лукче и рендан пармезан.

Домашни равиоли

Ако некогаш имате вишок време, направете домашни равиоли со различни полнења и замрзнете ги. Ќе ви требаат само две минути за да ги подготвите!

Сладолед

Ова е веројатно највкусниот и наједноставниот десерт кој можете да го послужите. Со секое топче додадете и лажица џем и ќе биде уште повкусно!