Состојки:
200 г пченица или интерален ориз
500 мл млеко
Кора од лимон
Кора од портокал
Сол, цимет, стапче ванила
Тесто:
150 г путер
3 жолчки
300 г брашно
Фил:
300 г швапско (младо) сирење
200 г шеќер
100 г желе бонбони
100 г суво грозје
100 г сечкани ореви и лешници
50 г вишни од компот
5 жолчки
8 белки
Приготвување:
- Сварете ја пченицата (или оризот) во млеко со кората од лимон, а пред крајот додадете ги кората од портокал, циметот и стапчето ванила. Оставете да се олади.
- Тестото замесете го од жолчките, путерот, брашното и малку сол. Поделете го на 2 нееднакви дела, поголемиот дел од тестото расукајте го и обложете со него тркалезна тепсија за печење (25 цм) такашто ќе бидат обложени и рабовите од тепсијата.
- Во еден сад изматете ги жолчките, шеќерот и сирењето, па додадете ја пченицата, желето, лешниците и оревите, вишните и на крајот цврст снег од белки. Прелијте го филот врз тестото во тепсијата, а од другиот дел од тестото направете ленти и украсете го колачот во вид на мрежа. Печете го колачот 50 минути на 180 степени.
Оставете добро да се олади па поросете го со шеќер во прав.