Гордон Рамзи не ги размазува децата со своите специјалитети

0
298

Гордон Рамзи е добитник на неколку Мишелин ѕвезди а познат е и по ексцесите и неконтролираните пцовки, но и по своите специјалитети со кои ги воодушевува своите фанови ширум светот.

Неодамна ја шокираше јавноста со изјавата дека неговите деца нема да ги стави во својот тестамент затоа што сака тие самите да научат да ги заработат своите пари. Причина за ова, вели тој, е затоа што не сака неговите деца да станат размазени дечишта.
„Нашите деца не седат со нас во прва класа кога патуваме со авион. Кога ќе заработат свои пари, повеќе ќе ги ценат и тогаш нека ги трошат како што сакаат. Јас своите пари тешко ги заработив“, изјавил тој.
Дека е сериозен во своите намери докажува и фактот дека неговата ќерка Меган имала можност да ужива во специјалитетите кои тој ги подготвува во своите ресторани дури по повод својот 16.роденден.

„Од прв ден на своите деца им наметнав дека постои ред и работа. Освен што сакам да ги заштитам од тоа да не станат размазени кретени, исто така морам да ги почитувам свиојата работа и луѓето кои работат за мене, а не некои размазени дечишта да им пречат додека работат само затоа што им е таткото шеф. Настојував да ги воспитам нормално. Сите нешто работат – чуваат животни, секој има свои задолженија дома…Добиваат џепарлак, но мораат да го заработат“, изјавил Рамзи за британски „Телеграф“.