Како и зошто треба да се јаде рогач?

Во споредба со чоколадото, рогачот е три пати побогат со калциум. Може да се користи како засладувач во облик на прав или како замена за брашно.

0
1920

Рогачот има облик на мешунка, со семки со темно кафена боја, пријатен и слаткаст вкус кој потсетува на чоколадо. Во Стар Египет се користел како засладувач и дигестивен суплемент, а во текот на граѓанската војна во Шпанија се користел во борбата против гладот.

Рогачот е богат со витамини A, B1, B2, B3, B6, B9, C и E. Поради ова го подобруваат правилниот метаболизам, градат ткива и му овозможуваат на организмот подобро да ја користи енергијата од јаглените хидрати, протеините и мастите.

Од минерали, содржи железо, бакар, манган, селен, цинк, фосфор, магнезиум, калциум, натриум и калиум. Тие влијаат на балансот на течностите во организмот, добриот дигестивен процес, на растот на клетките па ги штитат коските, мембраните и органите. Исто така, учествуваат во пренесувањето на нервниот импулс, ја стимулираат физичката издржливост и транспортот на кислородот. Овие минерали го одржуваат и енергетскиот баланс и добро влијаат врз намалувањето на стресот и депресијата.

Семките од рогач се богати со растворливи растителни влакна кои имаат добро вкијание врз варењето и правилната работа на цревата.

Содржи есенцијална амино кислеина триптофан, а во комбинација со другите брашна дава нутритивно полновредна намирница која ќе биде добра замена за протеините од животинско потекло. Затоа се препорачува во периодот на раст и развој на детето и во веганската исхрана.

Високото ниво на танин (моќен антиоксиданс), помага во борбата против прераното стареење на клетките, делува противвоспалително и противбактериски, ги обновува клетките, ги намалува триглицеридите и лошиот холестерол, а го зголемува добриот. Содржи мала количина масти и тоа добри масти и не дебелее.

Убаво смелениот рогач е идеална замена за какао прав, заради чоколадниот вкус.

Во споредба со чоколадото, рогачот е три пати побогат со калциум. Може да се користи како засладувач во облик на прав или како замена за брашно. Рогачот е идеална намирница за оние кои не поднесуваат глутен или се алергични на јаткасти плодови. Може да замени и дел од брашното во слатките рецепти.