Состојки:
200 г кекси
2 лажици кафеав шеќер
2 лажици бел шеќер
6 лажици кокосово масло или 3 лажици путер
150 мл јогурт
400 мл слатка павлака
1 лажица рендана кора од лимон
2 лажици сок од лимон
Шумско овошје, мента
Шеќер во прав
Приготвување:
1. Здробете ги кексите па додадете го растопениот путер или кокосовото масло и кафеавиот шеќер па мешајте уште малку и ставете ја смесата во калап кој ќе го ставите во фрижидер.
2. За тоа време ставете во павлаката шеќер и измешајте во кремава смеса.
3. Додадете ги сокот и кората од лимон, а потоа и јогуртот. Би требало да добиет густ крем.
4. Извадете ја подлогата од фрижидер и ставете го одозгора кремот. Ставете го колачот во замрзнувач да се стегне и уживајте.
5. По вадењето од замрзнувач ставете шумско овошје и шеќер во прав.