Од пица со месо од кенгур – до пица со сперма од бакалар

0
836

Некои сакаат пица со сирење, некои со колбаси, со пиперчиња, со павлака, па дури и со ананас! Но според порталот Food Envy, некои луѓе со приготвувањето на пица отишле малку предалеку, па ставаат секакви состојки – од месо од кенгур до месо од ирвас, јагула и сперма од бакалар.

  1. Австралија

Веќе споменатата пица со месо од кегур не е ништо необично во Австралија. Помешајте ги сите вообичаени состојки за пица – кашкавал домати, зачини и додадете малку месо од кенгур и тоа е се!

  1. Шведска

За пица каква што навистина сакаат во Шведска потребно е да помешате банани, ананас, кари и малку кикирики. Ова и не е толку лошо ако е пицата слатка.

most bizarre pizzas Swedish-Banana-Pineapple-Pizza

  1. Русија

Она што е кај нас пица со четири видови на сирење, во Русија е пицата со 4 видови на риба. Така на популарната пица Москва се наоѓаат парчиња туна, скуша, сардини и лосос.

  1. Финска

Со оглед на тоа што во Финска секако јадат ирваси, заошто да не ги стават и на пица! Повторно една вообичаена пица со тоа што е додадено малку месо од ирвас. Интересно е тоа пто оваквата пица го дбила името по поранешниот италијански оремиер Силвио Берлускони, кој своевремено рекол дека финската кујна треба да се „преживее“ затоа што таму јадат дури и маринирани ирваси.

most bizzarre pizzas smoked reindeer pizza

  1. Шкотска

Популарен деликатес во Шкотска е haggis – животински желудник полнет со изнутрици кој, се разбира, се става и на пица.

  1. Јапонија

Познати љубители на риба и морски плодови, Јапонците измислиле како да се искористи црнилото од сипа на пица. Го помешале црнилото со домати и со тоа ги премачкуваат пиците.

  1. Костарика

Егзотичната кујна на Костарика е позната по своите необични комбинации. Па така, ако сакате можете да јадете пица со шкампи и со мелен кокос.

  1. Повторно Јапонија

Уште една интересна пица изислица од Јапонија! Јагулата како додаток на пица е многу популарна во Јапонија.

  1. САД

Во САД обожаваат пици кои се филувани со нешто слатко – како колачиња од слез и чоколадо!

  1. Филипини

Иако и инаку го мешаат овошјето со солени јадења, на Филипините го ставаат и на пица па така таму можете да пробате и пица со манго.

  1. Австралија

Повторно Австралија и повторно состојка која не звучи баш примамливо. Имено, таму покрај пицата со месо од кенгур, исто така можете да пробате и пица со месо од крокодил.

  1. Јапонија по третпат

Освен пицата која и ние би ја јаделе – со мајонез, сланина, пченка и компир, во Јапонија, верувале или не, можете да пробате и пица со сперма од бакалар. Веројатно најбизарна од сите претходни, ова е дефинитивно пица која не би сакале да ја пробаме.