Состојки:
2-3 тиквички
100 г рендан пармезан
1 јајце
75 г свеж власец (див лук)
1 лажичка оригано
¼ лажичка лук во прав
Сол и црн пипер
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Измијте ги добро тиквичките и изрендајте ги. Додадете сол и оставете да отстојат 20 минути.
- Исцедете го вишокот вода, па во тиквичките додадете исечкан свеж див лук, рендан кашкавал, јајце и зачини. Добро измешајте.
- Од смесата направете шест „шницли“ и ставете ги на хартија за печење.
- Печете во рерна околу 35 минути.
- Послужете ги со сос или салата по желба.