Состојки:
Суви сливи без семка
Сурови бадеми
Црно чоколадо
Слатка павлака
Приготвување:
1. Пропржете ги бадемите на тава или во рерна и оставете ги да се оладат. Ако немате време, користете веќе печени бадеми.
2. Сувите сливи измијте ги и исушете ги и секоја наполнете ја со печен бадем. Ставете ги во фрижидер да се оладат.
3. Чоколадната глазура се прави од 150 г чоколадо и 50 мл слатка павлака. Оваа количина е доволна за 200 грама суви сливи. Чоколадото искршете го на помали делови и ставете го во чинија. Павлаката загрејте ја но не дозволувајте да зоврие па прелијте ја врз чоколадото. Почекајте 1-2 минути па добро измешајте. Полнетите сливи ставајте ги во чоколадниот сос па редете ги на тацна обложена со хартија з апечење и ставете ги повторно во фрижидер.