Состојки:
150 г брашно
100 г шеќер
4 јајца
2 кесички ванилин шеќер
75 мл млеко
30 суви сливи без семки
Приготвување:
- Помешајте ги брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер па додадете ги јајцата.
- Помешајте се заедно додавајќи малку по малку топло млеко и постојано мешајќи. (Важно е млекото да биде топло, но не премногу).
- За овој рецепт треба да користите огноотпорен сад кој ќе го премачкате со путер.
- Ставете ја смесата во садот за печење и додадете ги сувите сливи и печете околу 45 минути на 200C, па изгаснете ја рерната и оставете го внатре уште половина час. За цело тоа време воопшто не ја отварајте рерната.
- Извадете го од рерна и оставете го 1-2 часа на собна тенпература. Може да се сервира и ладно, но за тоа треба да с еостави 2 часа во фрижидер.