Состојки:
За тестото:
250 мл пиво
250 мл зејтин
1 прашок за пециво
2 лажици шеќер
100 г гриз
600-700 г брашно
100 г сечкани ореви за полнење
За Шербетот:
700 мл вода
800 г шеќер
½ лимон
150 г мелени ореви или кокос за поросување
Приготвување:
- Се замесува тесто од зејтинот, пивото, гризот и брашното помешано со пецивото.
- Од тестото се формираат топчиња кои се полнат со оревчиња и се редат на подмачкана тепсија.
- Шеќерот се налева со водата и со сок од ½ лимон и се остава да врие 5 минути, а потоа се трга од рингла.
- Со шербетот се попаруваат оладените колачиња и се валкаат во мелени ореви или во кокос.