Пролетна рапсодија

Оваа пица е мрзлива пица...тестото е купено и наредена е со се што најдовме во фрижидерот, ама изгледа толку добро што едноставно мора да се најде тука.

0
334

Иако времето залади па баш и не изгледа како пролет туку како доцна есен, пицата е вистинска пролетна, во сите можни бои и со најдобрите вкусови од сите зеленчуци што ги имате во фрижидрот. Се разбира, месољупците можат да стават и малку од колбасот што секогаш го имаат во фрижидерот.

Значи, за пицата нема некој посебен рецепт освен, готово тесто кое треба само да го наредите со разнобоен зеленчук и со се што ќе најдете во фрижидерот и да го испечете. Одозгора можете да исечкате и свеж магдонос, иако подобро изгледаше без него…магдоносот ја зазелени шареноликоста.