Кога сакате да го избегнете путерот од било каква причина, во рецептите за слатки можете да употребите банана, сос од јаболки или пак путери оd разни јаткасти плодови. Најпознат и најупотребуван е оној од кикирики.
Најпознат и најупотребуван е оној од кикирики. За овие колачи како замена одбравме банана, а наместо млеко или нешто слично, ставивме сок од портокал. Засладивме со кафеав шеќер и со мед. Но да не прераскажуваме надолго и нашироко, еве го и рецептот.
Состојки:
Суви состојки:
120 г интегрално брашно
100 г овесни снегулки
100 г кокос
70 г кафеав шеќер
2-3 лажици какао
Мокри состојки:
1 банана
1 лажица мед
1 ванилин шеќер
Сок од 1 портокал
1 лажичка сода бикарбона
2-3 лажици зовриена вода
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180°C.
- Во чинија измешајте ги брашното, какаото, кокосот, шеќерот и овесните снегулки
- Бананата згмечете ка со вилушка, додадете и го медот и сокот од портокал и измешајте.
- Содата растопете ја во тукушто зовриената вода и додадете ја во смесата со бананата
- Течната смеса додадете ја во сувата и мешајте со лажица додека не добиете еднолична смеса
- Со лажичка ставајте од смесата на тепсија во која претходно ќе ставите хартија за печење и полека притискајте ги за да добијат некаков облик.
- Печете околу 15 минути. Кога ќе се оладат чувајте ги во кутија за колачи.