Чоколаден колач со банани

Ова изгледа толку добро што на човек му доаѓа да ги засука ракавите. А кога ќе видите колку лесно се прави, ќе го направите тоа веднаш

0
419

Состојки:

3 банани

1 шолја кафеав шеќер

1 шолја сок од јаболка

1 лажичка екстракт од ванила

1 јајце

1 шолја брашно

1 шолја какао

1 лажичка сода бикарбона

Малку сол

100 г црно чоколадо

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 170 °C.
  2. Намрсете го и поросете го со брашно калапот за печење.
  3. Згмечете ги бананите и помешајте ги со сокот од јаболка, шеќерот, екстрактот од ванила и јајцето.
  4. Додадете ги брашното, какаото, содата и солта и на крајот ренданото чоколадо.
  5. Печете 45-50 минути.