Што се јадеше после Оскарите?

За гламурозната трпеза се искористени 10 кг кавијар, 250 јастози, 4.250 парчиња рачно направени њоки, 13 кг јадлив златен прав, 38 видови на слатки, 2.550 макарунси, 12.000 чаши шампањско

0
299

Како и 23 години претходно, така и оваа, калифорниската кулинарска ѕвезда Волфганг Пук беше задолжен за креаирање на раскошна храна за славните по завршувањето на церемонијата.

После толку стрес и гладување за да можат да се вовлечат во своите гламурозни модни егзибиции, и годинава, по 89-тото доделување на Оскарите, славните им се препуштија на храната и пијалокот. И оваа година, како и неверојатни 23 години претходно, калифорниската кулинарска ѕвезда Волфганг Пук се надмина самиот себе креирајќи иновативни и луксузни јадења кои не оставаат рамнодушно ниту едно непце.

(foto izvor: www.abc7news.com)Понудата мора да биде шаренолика и да ги задоволи желбите на сите 1.500 присутни. Затоа Волфганг на прес-конференцијата пред доделувањето на Оскарите јасно изјавил: „Ако сакате да изедете пет компири со кавијар, ќе ги добиете. Ако сакате ребра, пилешка пита, некоја од нашите пици или било што друго што ќе ви падне на памет, сето тоа ќе го имаме за вас“.
Од повеќе од 50 јадења кои биле во понудата издвојуваме само некои: пуканки поросени со златен прав, вид на равиоли полнети со крем од пашканат, корн дог од јастози, такоси со шкампи, ребра со солени колачиња од пармезан, лути француски бисквити со прав од црни тартуфи, печен компир со кавијар, суши, хамбургери од посебно говедско месо…. Кога станува збор за десерти тука е неизбежниот лава колач, вафли и цело чоколадно бифе. Но она што посебно се издвојува се 7.000 чоколадни мини Оскари, прекриени со 24 каратно злато.

(foto izvor: www.people.com)

Сето тоа можеа да го залијат со врвно шампањско, бело и црно вино од винаријата на познатиот режисер Франсис Форд Копола кој лично го дизајниракл изгледот на шишињата за оваа пригода. Тука биле и коктелите од престижното виски – Hilhaven Lodge.

(foto izvor: www.topnews.one)Кога станува збор за бројките, интересно е да се каже дека се искористени неверојатни 10 килограми кавијар, 250 јастози, 4.250 парчиња рачно направени њоки, 13 килограм јадлив златен прав, 38 видови на слатки, 2.550 макарунси, 12.000 чаши шампањско.
Овогодишна тема на гламурозната трпеза била „магичната трансофрмација“. Црвената и златната биле доминантни бои, а искористена е неверојатна метража од бел сатен за да се прекрие свечената сала. Просторијата ја краселе околу 10.000 цветови, а гостите биле послужувани од 900 луѓе. Преостаната храна била донирана на центрите за бездомници.