Пита со батат и суви сливи

0
232

Состојки:

1 пакување готови кори

Сладок компир

Суви сливи

Суво грозје

Зејтин

Цимет

Сок од ½ лимон

1 лажица кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

Приготвување:

  1. Изрендајте го слаткиот компир и ставете го во некој сад. Додадете ги кафеавиот шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер, цимет и сок од лимон.
  2. Земете една кора, попрскајте ја со зејтин, ставете врз неа уште една кора, и неа попрскајте ја со зејтин, па ставете ја третата кора. Врз неа ставете дел од филот, неколку исечкани суви сливи и суво грозје по желба, па свиткајте ги корите во ролат.
  3. Повторете ја постапката додека не се потроши целиот материјал, наредете ги ролатите во подмачкана тепсија и попрскајте ги со вода.
  4. Печете околу половина час на 200 степени Целзиусови.