Дали сте пробале закиселен ѓумбир?

0
399

Покрај Васаби сосот, закиселениот ѓумбир е задолжителен додаток за суши, но и одличен додаток во салатите и за месото. Според јапонскиот бон-тон, сушито не се мака во сос од соја, туку најпрвин се зема лист закиселен ѓумбир се натопува со соја сос и полека се премачкува сушито. Листовите од ѓумбир служат и за „чистење“ на рецепторите за вкус после секое залче.

Еве што ви треба за да го подготвите:

Состојки:

500 г млад корен од ѓумбир

4 лажички сол

500 мл оцет од ориз (ако немате таков, може и јаболков)

180 мл вода

6 лажици шеќер

Приготвување:

  1. Измијте го и излупете го ѓумбирот.
  2. Исечете го на тенки листови и ставете ги во плиток сад. Посолете го и оставете го да отстои 2-3 часа.
  3. Исушете ги листовите ѓумбир со хартиени салфети и ставете ги во стерилизирана тегла.
  4. Помешајте ги оцетот, водата и шеќерот, сварете ги во мал сад на средна температура додека шеќерот не се стопи. Кога ќе зоврие тргнете ја смесата од оган.
  5. Прелијте ја оваа мешавина врз ѓумбирот во теглата. Оставете да се олади и да маринира 5-7 дена.