Состојки:
Јуфки
1 китка блитва
1 млад лук
Мешавина од морски плодови (по можност во маринада од маслиново масло и сок од лимон)
1 црвена и 1 зелена пиперка
Маслиново масло
Сол
Приготвување:
- Сварете ги јуфките во солена вода.
- Во тенџере загрејте го маслиновото масло и ставете ги исечканото младо лукче и исечканата блитва. Додадете многу малку вода и динстајте најмногу пет минути. Потоа додадете ги сварените јуфки.
- Сервирајте со мешавина од морски плодови во маринада и свежи пиперки исечкани на тркалца.