Состојки:
1 пакување замрзнат ослиќ
5 главици кромид
Суви сливи
Суво грозје
Маслиново масло
2-3 ливчиња лорбер
Бибер во зрна
Сол
Рузмарин
Маслиново масло
150 мл бело вино
Приготвување:
- Исечкајте го кромидот и ставете го во тепсија за печење. Одозгора наредете ги парчињата ослиќ и зачинете. Додадете ги сувите сливи и сувото грозје, маслиновото масло и виното.
- Ставете во загреана рерна да се пече околу 40 минути.