Сладок крем со босилек и мед

0
260

Состојки:

400 г овча урда

1 китка босилек

1 лимон

6 лажици ливадски мед

2 лажици кафеав шеќер

20 излупени бадеми

Приготвување:

  1. Со миксер измешајте ја урдата со медот, шеќерот и кора од лимон.
  2. Ливчињата од босилекот ставете ги во блендер и мешајте ги со сокот од лимонот се додека не добиете зелена паста.
  3. Потоа пастата од босилек ставете ја во смесата со урда и мешајте додека не добиете компактна смеса.
  4. Бадемите грубо здробете ги преку крпа со помош на дрвено сукало или чекан за месо. Сервирајте го кремот во чаша, а најгоре ставете парченца бадеми.