Состојки:
Кус кус
Мешани морски плодови
тофу сирење
урми
бадеми
песто
банана
калинка
краставица
кокосово масло
соја сос
сол, црн пипер
Приготвување:
- Пропржете ги во вок тава на кокосово масло морските плодови и тофу сирењето исечено на коцки. Прелијте со малку соја сос и зачинете со сол и со црн пипер.
- Додадете малку вода и ситно исечкани урми. На крајот додадете и една лажичка песто и една рака кус кус. Тргнете од оган и оставете го капакот затворен уште пет минути.
Сервирајте на чинија со неколку зрна калинка, урми, банана и краставица.