Како да одгледате свежи домати на најлесен начин? (ВИДЕО)

Наместо да ги фрлите презреаните домати од вашиот фрижидер, искористете ги за да произведете свои сопствени свежи домати во голема саксија за цвеќе

0
394

Доколку не знаете што да правите со презреаните домати од својот фрижидер, обидете се да го направите истото што го прави и човекот во видеото. Наместо да ги фрлите, ставете во голема саксија или во кофа со земја, исечени на неколку тркалца и одозгора покријте ги со малку земја. Иако ова можеби звучи како луда идеја, ќе видите дека во рок од една до две недели доматите ќе се трансформираат во убави садници, кои со тек на времето би требало да се намножат а вие да добиете голем број на вкусни и свежи домати.

Се што ви треба е кофа или голема саксија, 1 презреан домат и земја.