Кубанска салата

0
393

Состојки:

¼ шолја тенко исечен црвен кромид

Ледена вода

2 зрели и цврсти авокада

1 среден ананас

3 лажици маслиново масло

1 лажица свежо цеден сок од лимон

½ лажичка сол

Свежо мелен црн пипер

Приготвување:

  1. Потопете го кромидот во ледена вода на 15 минути за да не лути додека го сечете.
  2. Во меѓувреме, преполовете ги авокадата и исечете ги на кришки. Излупете го ананасот, преполвете го по должина, а потоа исечете на четвртинки или како ќе ви дојде, на помали парчиња.
  3. Измешајте ги маслото и сокот од лимон во мал сад. Извадете го кромидот од водата и исушете го па исечете го на тркалца. Ставете ги авокадото и ананасот на чинија и попрскајте ги со сол и со смесата од масло и сок од лимон.