Чоколаден пудинг со кафе и авокадо

0
508

Состојки:

115 г црно чоколадо

200 мл кокосово млеко

1 средно зрело авокадо

1 лажица инстант кафе

¼ шолја топла вода

Приготвување:

  1. Стопете го чоколадото.
  2. Помешајте го кафето со врела вода, а потоа сите состојки ставете ги во еден сад и измешајте ги со миксер. Ако е смесата многу густа, додадете една или две лажици вода.

3. Ставете го пудингот во чинии и послужете.