Состојки:
1 кг брашно
700 мл вода
10 лажици зејтин
1 лажичка шеќер
3 лажички сол
1 квасец
800 г свинско месо исечкано на коцкички
2-3 јајца
Свинска маст
Приготвување:
- Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне, а потоа се дели на пет дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.
- Од топчињата се развлекува пита, а по краевите се прави венче.
- Врз тестото се редат парчињата свинско месо, ситно исечкано и посолено. Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Ако сакате луто, ставете по 1-2 феферони.
- Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени. Кога малку ќе се запече, се става на секоја пита од разматените јајца и малку буковец. Се враќа во рерната и се пече уште малку.