Состојки:
4 јајца
1 шолја бело брашно
2 шолји интегрално брашно
1 шолја овесни снегулки
200 г растопен путер
400 мл јогурт
½ шолја кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашак за пециво
2 лажици какао
1 лажичка цимет
Малку мелено каранфилче
Малку ѓумбир во прав
1 пакување замрзнати вишни или некое друго овошје
100 г црно чоколадо
Приготвување:
- Измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Додавајте полека од јогуртот и од брашното и муслите. Ставете го растопениот путер, какаото и другите зачини и истурете ја смесата во подмачкан сад за печење.
- Распоредете ги претходно одмрзнатите вишни во тестото и ставете го колачот да се пече во загреана рерна околу 50 минути.
- Растопете го чоколадото со малку путер и млеко и прелијте го испечениот колач.