Брзи крофни со прелив од чоколадо

0
455

Состојки:

500-600 г брашно
2 мали лажици пециво
1 ванилин шеќер
2 големи лажици шеќер
Прстофат сол
200 г кисело млеко
2 јајца
Масло за пржење
Малку брашно за посипување
Шеќер во прав за поросување
Чоколаден прелив

Приготвување:

1. Во еден сад ставете ги киселото млеко и прашакот за пециво и оставете го да се активира. Додадете ги јајцата и измешајте.
2. Додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто.
3. Оставете го тестото да се одмори 10-тина минути.
4. Тестото се расукува во кора со дебелина од околу 5 мм и се вадат кругови со помош на модла или со обична чаша.
5. Се пржат во загреано масло, се преливаат со чоколаден прелив и се поросуваат со шеќер во прав.