Омлет со брокули и пармезан

0
286

Состојки:

2 големи јајца

2 големи белки од јајца

1 лажица маслиново масло

½ шолја исечкани брокули

1 мал кромид

¼ шолја ситно рендан пармезан

1 кришка тост-леб

Приготвување:

  1. Помешајте ги јајцата со белките и ставете ги близу шпоретот. Загрејте го маслото на средна температура и додадете ги брокулите и кромидот, мешајте додека не омекнат, околу 5 минути.
  2. Додадете ги јајцата без мешање и ставете го кашкавалот на врвот. Покријте ја тавата и почекајте 3-4 минути. Послужете со тост.