Состојки:
1 шолја ориз
250 мл вода
350 мл млеко
1 лажица путер
1 лажица мед
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка ванилин шеќер
1 рака суви брусници
Цимет по вкус
Приготвување:
1. На средна температура варете го оризот што ќе го прекриете со вода.
2. Варете околу 10 минути, односно, се додека оризот не ја впие водата.
3. Додадете третина од млекото, поклопете и почекајте да се згусне. Додавајте малку по малку млеко на секои 5 минути.
4. Оризот нека се свари до крај, со тоа што околу него мора секогаш да има сос од млекото.
5. Кога ќе биде готово, додадете ги путерот, медот, шеќерот, ванилиниот шеќер и солта.
6. Префрлете го оризот во помали чинии, поросете со цимет и додадете ги брусниците.
Напомена: Обично Норвежаните го јадат ова во комбинација со пршут, ама можете да останете и само на ориз.