Наједноставниот чоколаден колач

0
433

Состојки:

150 г брашно

2/3 шолји какао во прав

3/4 лажичка прашак за пециво

3/4 лажичка сол

2 јајца

100 г шеќер

6 лажици растопен путер

1/2 шолја млеко

1 лажичка екстракт од ванила

1/2 шолја сечкани лешници, ореви или бадеми

3/4 шолја кафеав шеќер

1 1/3 шолја зовриена вода

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Во еден сад помешајте ги брашното, прашакот за пециво, 1/3 шолја какао во прав и солта
  3. Во друг сад помешајте ги јајцата со 100 г шеќер, екстрактот од ванила, путерот и млекото, па додадете ја смесата со брашно и мешајте додека не стане хомогена. Додадете ги сечканите лешници и се добро измешајте.
  4. Ставете ја смесата во тепсија подмачкана со путер (големина 20 x 20 cm)
  5. Од преостанатото какао, кафеав шеќер и врела вода подгответе чоколаден прелив и прелијте го врз смесата во садот за печење.
  6. Печете во загреана рерна околу 35 – 40 минути.