Состојки:
6 шолји свежи цветчиња од брокула
1/3 шолја црвен кромид, сечкан
1 шолја целер, сечкан
2 шолји црно зимско грозје без семки, преполовени
1 шолја мајонез
1/3 шолја шеќер
1 лажица јаболков оцет
8 листови сланина
1/2 шолја исечкани бадеми
Приготвување:
- Пропржете ја сланината на средна темпоература додека не стане крцкава.
- Измешајте ги брокулите, кромидот, гројето и целерот во голем сад.
- Во одделен сад измешајте ги мајонезот, шеќерот и оцетот.
- Исцедете ја од масло сланината такашто ќе ја ставите на салфета. Разделете ја сланината на парченца и додадете ја во мешавината од брокули. Додадете ја смесата од мајонез и внимателно измешајте. Додадете ги и исечканите бадеми и повторно измешајте, покријте го садот и оставете го во фрижидер барем два часа пред да ја послужите салатата.