Зимски полнети пиперки

0
742

Состојки:

10 црвени пиперки

500 г мелено месо

100 г ориз

Кромид

Мешани суви зачини

Сол, бибер

Копар

Зејтин

1 чаша вода

Приготвување:

  1. Пропржете го кромидот па додадете ги месото и зачините.
  2. Откако месото ќе се испржи додадете го оризот, помешајте, пропржете уште 1-2 минути и тргнете од оган.
  3. Извадете ги рачките од пиперките и истресете ги семките и наполенете ги со приготвената смеса.
  4. Наредете ги пиперките во тепсија, додадете малку вода и печете во загреана рерна околу 30 минути.