Состојки:
2 шолји брашно
5 лажици какао
Малку сол
2 лажички прашак за пециво
2 јајца
1 шолја кафе (или 1 шолја вода + 1 лажица инстант кафе)
½ шолја зејтин
½ шолја кафеав шеќер
100 г темно чоколадо
1 шлаг пена
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени и во калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
- Во голем сад ставете ги брашното, какаото, солта и прашакот за пециво.
- Во помал сад изматете ги јајцата со кафето и зејтинот и додадете ја таа мешавина во сувата смеса. Кратко измешајте, па додадете го исечканото чоколадо.
- Наполнете ги калапите со смесата и печете ги 20-тина минути. Пред послужување украсете ги со шлаг пената во која ќе додадете и лажица виски. Поросете ги со неколку зрнца инстант кафе.