Состојки:
3 лажици маслиново масло
3 чешниња лук (згмечен)
1 мал праз (само белите и бледо зелени делови) исечкан
1 зелено јаболко, излупено и исечкано
1 стапче целер исечкано
1 лажичка ситно рендан свеж ѓумбир
2 слатки компири, излупени и исечени на коцки
6 чаши вода
сол и свежо мелен црн пипер
1/2 чаша солени семки од тиква
Приготвување:
- Загрејте масло во голема тава на средна топлина. Ставете ги празот и лукчето и пропржете ги околу 4 минути. Додадете ги јаболкото, целерот и ѓумбирот и гответе околу 3 минути. Додадете ги слатките компири и водата и помешајте. Варете околу 15 минути.
- Ставете ги состојките во блендер и направете пире, а потоа ставете ја смесата во голем сад. Зачинете со сол и црн пипер. Поросете со семки од тиква и послужете.