Која храна смее да се подгрева, а која не?

Познато е дека е најздрава свежо приготвената храна, но брзиот животен ритам си го зема данокот и готвењето за следниот па дури и за неколку дена однапред е реалност, а нивното подгревање, секојдневје.

0
708

Сите сме се соочиле со недостатокот на време и се почесто се случува ручекот или барем дел од него да се готви претходниот ден. Имено, без оглед на практичноста, постојат намирници кои навистина не се здрави кога се подгреваат, па со самото тоа се и штетни за вашето здравје. Наспроти нив, постојат намирници на кои не им штети дури и повеќекратна обработка.

Храна која смее да се подгрева:

  1. Оброците кои содржат цели житарки најмалку го менуваат својот состав и нутритивната вредност па затоа оброците со јачмен, просо, овес и амарант смеат да се подгреваат.
  2. Супата, освен ако нема парчиња месо или зеленчук. Тие парчиња е тогаш најдобро да се извадат од супата и да се подгрее само течноста.
  3. Варивата можат слободно да се подгреваат и два дена по ред,но важно е да се чуваат во фрижидерот во квалитетни стаклени или глинени садови.
  4. Тестенини и сосови. Тие исто така можат да се подгреваат, но најдобар начин за ова е загревање со помош на водена пареа.

Храна која не смее да се подгрева:

  1. Печурките се исклучително чувствителна намирница. Протеините содржани во нив лесно се уништуваат, особено под влијание на ензимите и микроорганизмите. Доколку печурките не се исчистат добро и после термичката обработка не се стават брзо во фрижидер, можат да се расипат заради што не е препорачливо да се подгреваат.
  2. Спанаќ, цвекло, целер и репка – содржат нитрати кои под дејство на микроорганизмите и со загревање преминуваат соединенија нитрити, а тие понатаму во нитрозамини кои се многу штетни и канцерогени. Спанаќот е најризичен во оваа група и секогаш консумирајте го свежо подготвен.
  3. Морковите со подгревање стануваат токсични – со повторно варење доаѓа до создавање на штетни елементи.
  4. Компирите исто така спаѓаат во токсичната група намирници кои после подгревањето ги губат своите нутритивни својства, а најновите истражувања покажале дека компирот е најздрав сварен, но оладен.