АРТ кујна и dm наградуваат: Зошто е добро да се јаде булгур?

0
1061

Ориенталната житарка од Блискиот исток, која стана неизоставен дел од секоја кујна е одлична намирница, која се користи како замена за оризот, а претставува супер извор на влакна, витамин Б и минерали. Посебно е посакувана заради нејзиното ниско количество на калории.

Булгурот традиционално се добива од т.н. дурум пченица, низ процес на темелно парење, сушење и  дробење, постапка, заради која булгурот задржува високо ниво на хранливи состојки. Како житарка отпорна на габични и други болести, булгурот има долг рок на траење.

На многу места на Блискиот исток денес се користи древната метода за подготовка на булгур. Пченицата се вари во големи садови, а потоа се остава на рамните кровови на куќите и се суши на дирекна изложеност на сонце. По процесот на сушење истата се дроби и се лупи.

Булгурот како вкусен извор на здравје 

Покрај горенаведените погодности во споредба со оризот, булгурот исто така содржи виско ниво на магнезиум, калциум, железо, фосфор, манган како и цинк и бакар. 76% од неговиот состав се заснова на јаглехидрати, додека 12,3% се протеини и 1,3% масти, како и висок процент на влакна (18,3 г на 100 г).

Одредени студии одат до таму што на булгурот му препишуваат големи здравствени погодности, како спречување на камен во жолчка, значително смалување на триглицеридите и холестеролот. Редовно конзумирање на булгур помага во одржување на телесната тежина како и во процесот на слабеење. Направете овој викенд јадење во кое ќе употребите булгур и испратете ни ги рецептот и фотографијата, а dm маркети кадешто можете да најдете dmBio булгур во пакување од 500 грама, по цена од 129 денари, ќе додели пакет органски производи dmBio за најубавиот рецепт.

Процес на подготовка 

Булгурот е намирница која се подготвува брзо и едноставно. Се готви околу 15 мин, а може да се сервира и без готвење, со оставање во врела вода околу 20 мин. Во ладни салати, булгурот се користи и само потопен во вода.

Рецепт за Табуле салата со булгур, ќе најдете овде.