Ролнички со цимет, крцкави и вкусни а можете да ги направите од кое било тесто за пита што вообичаено си го правите или можете да го направите според нашиот рецепт. што ќе го најдете тука.
Состојки:
Тесто за пита
3 лажици шеќер
3 лажички цимет
Путер по желба
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Развлечете го тестото на правоаголник со димензии од 30 x 20 cm, и дебелина 1/2 cm
- Поросете го со шеќер помешан со цимет (по желба можете да го премачкате тестото со малку растопен путер пред ставањето на смесата од шеќер и цимет)
- Завиткајте го тестото тргнувајќи од работ и исечете го на тркалца со ширина од 2 – 3 cm
- Печете во загреана рерна 8 – 10 минути
- Послужете ги поросени со шеќер во прав.