Сарма од рерна

Направете ја сармата на малку поинаков начин – во рерна. Едноставно и еднакво вкусно.

0
1978

Состојки:

1 главица кисела зелка

700 г мелено месо

1 црвен кромид

100 г ориз

1 лажица црн пипер

3 лажици мешавина од суви зачини

3 лажички црвен пипер

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 лажичка лук во прав

žličica češnjaka u prahu

150 мл зејтин

Приготвување:

  1. За да не биде премногу кисело, измијте ги листовите од киселата зелка со вода. На зејтин динстајте го ситно сечканиот кромид а потоа додадете го и месото.
  2. Во меѓувреме варете го оризот околу 10-15 минути.
  3. На месото постепено додавајте му зачини и динстајте, а на крајот додадете го оризот и се динстајте околу половина час.
  4. Ставајте од смесата на секој лист и виткајте ги сармите па наредете ги во сад за печење, а преостанатата зелка исечкајте ја и додадете ја во садот.
  5. Ставете малку вода, покријте го садот со фолија и печете околу половина час на 175°C.
  6. Тргнете ја фолијата и зголемете ја температурата на 200°C и печете уште околу половина час.