Паштета од леќа

0
676

Состојки:

1 шолја зелена леќа

1 виолетов кромид

2 чешниња лук

6 лажици маслиново масло

½ лажичка бибер

½ лажичка куркума

По желба: Мускатно оревче, коријандер, мајоран, соја сос

Приготвување:

Кратко пропржете го ситни сечканиот кромид на маслиново масло, додадете ја леќата, малку вода и варете околу 20 минути. Кога ќе се олади ставете ја смесата во блендер заедно со згмечениот лук и зачините и мешајте додека не се добие саканата текстура.