Состојки:
300 г прокељ
3 чешниња лук
100 мл бело вино
300 мл павлака за готвење
40 г пармезан
50 г сланина
30 г путер
300 г тестенини
Сол, бибер
Магдонос
Маслиново масло
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200 степени
- Прокељите исечете ги на половинки, па наредете ги врз хартија за печење, попрскајте ги со маслиново масло, сол и со бибер. Протресете ги и ставете ги во рерна на 15 минути.
- Во меѓувреме сварете ги тестенините во солена вода.
- Во тава стопете коцка путер па додадете ја сланината, почекајте да фати коричка и додадете го ситно сечканиот лук, а по минута-две и белото вино.
- Варете додека количината на вино не се намали за половина, додадете ја павлаката и добро измешајте.
- Варете на тивок оган, зачинете и додадете го пармезанот па тргнете од оган. Додадете го ситно сечканиот магдонос и прокељот кој во меѓувреме треба да е спремен.
- Прелијте врз сварените тестенини.