Состојки:
1 кромид
200 г печурки
2 чешниња лук
150 г грашак
4 лажици путер
150 мл вино
2 шолји ориз
1 лажичка мајчина душица
магдонос
сол, бибер
вода
Приготвување:
- Во сад стопете половина од путерот и пропржете го ситно сечканиот кромид.
- Додадете ги сечканите печурки, пропржете ги па додадете го оризот.
- Додадете вино и варете додека не испари, а потоа додадете вода толку колку да го прекрие оризот и варете.
- Потоа додадете го грашокот и уште една шолја вода.
- Кога оризот ќе се свари, тргнете од оган, додадете путер и магдонос и измешајте.