Состојки:
2 поголеми главици цвекло
1 лажица маслиново масло
2 лажици пармезан
Малку ким
Магдонос,
Сол, бибер
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени, а тепсијата во која ќе печете обложете ја со хартија за печење.
2. Излупете го цвеклото и исечкајте го на тенки стапчиња
3. Распоредете го на хартијата за печење и попрскајте го со маслиново масло.
4. Додадете ги зачините и добро измешајте.
5. Печете околу 20 минути до половина час, а додека се печат повремено растресете ги.
6. Кога ќе ги извадите од рерна поросете ги со пармезан.