Брзи кулинарски совети

0
454

Шницли

…можете да ги истенчите такашто ќе ги ставите помеѓу два слоја проѕирна фолија и ќе ги исчукате со поширок кујнски нож.

Шеќерен прелив

…за колачи и торти ќе биде посјаен и подобро ќе ја покрива површината ако шеќерот во прав го изматите со сок од лимон или со врела вода.

Компири

…во лушпа варете ги такашто во водата ќе додадете малку зејтин. Така потоа многу полесно ќе се лупи.

Супа

…која сте ја пресолиле ќе ја спасите такашто во неа ќе додадете една разматена белка. Штом се стегне, извадете ја белката со помош на дупчеста лажица. Јајцето ќе впие поголем дел од солта.

Калап за колачи

…обложете го со хартија з апечење такашто ќе биде околу 2 сантиметри надвор од работ. Така со помош на хартијата полесно ќе го извадите од калапот колачот. Ако сакате хартијата да не ви се поместува додека ја истурате смесата, „залепете ја“ за калапот со путер.

Јунешко

…месото ќе биде многу помеко ако при солењето го поросите и со прашак за пециво. Ова средство за кревање на леб и на колачи врз месото делува како омекнувач.