Состојки:
200 г хељда
250 г печурки
70 г сланина
1 кромид
1 праз
2 чешниња лук
50 г путер
Малку мајчина душица
Малку црвен пипер
Зејтин
Магдонос
Сол, бибер
Приготвување:
- Кромидот и празот исечкајте ги ситно и пропржете ги на зејтин.
- Исечкајте ја сланината и додадете ја кај празот и кромидот и пржете додека не стане крцкава, а потоа додадете ги згмечениот лук и исчистените печурки.
- Динстајте додека не омекнат.
- За тоа време сварете ја хељдата, додадете ја кај печурките и уште кратко варете се заедно. Зачинете и додадете коцка путер.
- Поросете со исечкан магдонос и послужете.