Одличен чај против кашлица и настинка

Мирис што ќе го обожавате и лут вкус кој ќе ги разбуди сите ваши сетила!

0
1667

Оваа количина е доволна за една шолја чај, но слободно можете да ја дуплирате и да направите чај за двајца.

Состојки:

Парче свежа куркума (со големина на малиот прст)

Парче свеж ѓумбир (2 – 3 цм)

Малку цимет

1 лажичка мед

Неколку зрна црн бибер

1 лажичка сок од лимон

Приготвување:

  1.  Зовријте шолја вода.
  2. Излупете ги ѓумбирот и куркумата и ставете ги во водата со биберот и циметот па се заедно варете неколку минути.
  3.  Исцедете го чајот во шолја и засладете го со мед па додадете сок од лимон.