Состојки:
500 г готови тенки кори за баклава
150 г сечкани ореви
4 јајца
4 лажици шеќер
3 лажици гриз
3 лажици брашно
2 поголеми јаболки
100 мл масло
1 прашок за печиво
За сирупот:
600 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон
500 мл вода
Приготвување:
Изматете ги јајцата со 4 лажици шеќер, додадете ги сечканите ореви, гризот, брашното, јаболките (изрендани крупно) и прашокот за печиво. Се полека и добро измешајте. Подгответе ја тепсијата 37х25 см (или барем приближни димензии) и намачкајте ја со масло.
Раширете го на масата првиот лист од кората, намачкајте го со масло па ставете го одозгора другиот, а потоа и третиот на кој по ширината на дното ќе го ставате со лажица приготвениот фил. Извиткајте ја во ролна баклавата и така се до крајот додека не го потрошите целиот фил. Кога ќе завршите, исечете ги ролните на покрупни парчиња, па залијте со малку врело масло (да зоврие) за да не истече фил при печењето.
Печете ја баклавата на 180 степени околу половина час. Готовата печена баклава уште малку исечкајте ја со нож. Прелијте ја со ладен сируп кој претходно сте го направиле од шеќер и вода, лимон и ванилин шеќер.