Состојки:
5 кг домати
15 црвени пиперки
2 лути пиперки
1/2 китка магдонос
1/2 китка целер
4 главици кромид
1 лорберов лист
1 филџан оцет
1 лажиче црн пипер
4 лажици шеќер
3 лажици сол
Плус: 1 лажичка цимет и 2 лажички сенф
Приготвување:
Се вари се заедно, потоа се пасира и се враќа назад на оган па се додава 1 лажичка мелен цимет. Се вари додека не се згусне, а пред самиот крај се додаваат 2 лажички сенф. Се става врело во топли шишиња или тегли и се затвара.
Колку што можевме да рзбереме од фотографијата со рецептот кој е очигледно дел од винтиџ тефтер со рецепти на нашата читателка Ана, овој рецепт е од мајката на некој Тони.
Ех, колку убаво потсетување на старите добри времиња кога домаќинките си разменуваа рецепти со другарки, колешки и сосетки… Гугл не им е рамен.