Пикантниот сос од маслинки, капари и инчуни можете да го послужите со тестенини или едноставно, да го намачкате на брускети.
Состојки:
160 г црни маслинки без семки
лажица капари
2 филети солени инчуни
50 мл маслиново масло
лажичка вински оцет
мајчина душица или копар
Приготвување:
Во блендер ставете ги маслинките, капарите, инчуните, маслиновото масло и винскиот оцет.
Зачинете со црн пипер по вкус и промешајте уште еднаш.
Поросете со мајчина душица или со копар пред сервирање.
Може да стои во фрижидер до 3 дена.
Фото: Pexels/Pixabay